Fashion & Lifestyle Expo 2018
22-23 март
Македонска опера и балет
За сите оние што постојано се во потрага по уникатни нешта и моменти, Fashion & Lifestyle Expo ’18 по трет пат на едно место ги собира брендовите и компаниите чии производи, дизајни и услуги се стремат да го постигнат токму тоа – врвен квалитет и уникатен дизајн кои го предизвикуваат “обичното”.
Дневната програма и двата дена ќе започнува во 15 часот, а истата е интерактивна и осмислена, така што секој посетител свесно или несвесно ќе биде дел од истата, а за да се задоволат различните желби, вкусови и потреби на публиката, активностите ќе се случуваат на неколку активни сцени, вклучувајќи ја и изложбената поставка.
MAIN STAGE, BEAUTY BAR и CREATIVE HALL ќе бидат интерактивни сцени, на кои динамично ќе се менуваат активностите.
Програмата и двата дена ќе започне во 15:00, а на линкот подлу можете да го погледнете распоредот со сите активности.
http://www.momentum.mk/?page_id=2780Учеството на сите работилници и презентации е бесплатно, па не двоумете се да се пријавите на сите презентации кои ќе ви привлечат внимание, но поставете си и мал предизвик, па пријавете се и на нешто што ви е сосема ново и непознато.
Fashion & Lifestyle Expo има за цел да ја буди и предизвикува креативна мисла.