You are on page 1of 84

Nenad Joldeski

Wezdensky

[tamata na
Enhalon

e
(Memoari)

book
okno.mk
Уредник на едицијата: Никола Гелевски
Графичко уредување и дизајн: Кома

Темплум, адреса:
Климент Охридски 15, 1000 Скопје
www.templum.com.mk
templum@mt.net.mk

Благодарност до Комерцијална банка АД,


која го помогна доделувањето на наградата”Новите!”

Изданието финансиски е поддржано од


Министерство за култура на Република Македонија

CIP - Каталогизација во публикација


Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”,
Скопје

821.163.3 - 32

ЈОЛДЕСКИ, Ненад, Wezdensky


Штамата на Енхалон: мемоари / Ненад Јолдески Wezdensky. - Скопје :
Темплум, 2009. - 80 стр. ; 21 см. - (Библиотека Катапулт)

ISBN 978-9989-189-65-4

COBISS. МК-ID 80884746


k n i g a 8

Штамата на Енхалон
(Мемоари)

Ненад Јолдески
Wezdensky

e
ТЕМПЛУМ
Скопје, 2009

book
okno.mk
SODR@INA:

поштарот не пуштат писма по вода...............................9


игри, сено и поезија......................................................14
во случај да бидете опасна комбинација со своите
цимери подобро разделете се – има доволно скапи
слободни гарсојњери во Скопје...................................20
јаболкницата - табакера................................................24
кај се жените?................................................................27
Eлетронски жили...........................................................29
Ристо Крле и баба му ...................................................32
државен удар.................................................................34
двобој . ..........................................................................36
приказната за цајканот клен и раскрсницата со
расипан семафор...........................................................39
специјалноста на госпоѓата „општа“............................41
курвинско статистичка обработка на
еден школски ден..........................................................42
за кого бијат тенџерињата............................................46
Приказната за Пеце Рингла...........................................50
метеор - одговор...........................................................54
Чехов и педалинката.....................................................56
негативните последици на автостопот
врз родителите..............................................................57
дневникот со трагична судбина...................................59
уметноста на фрлањето од училишна зграда.............62
калој и пржени јајца за вечера.....................................65
Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на зима)........66
Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит, Фичо да
спијат) . ..........................................................................69
клуч . ..........................................................................73
халуцинации..................................................................74
не - непијам (Константин Миладинов и Фљорим
Везденски)......................................................................76
ко че заминит поезијата - автобусот вртит десно.......78
На Струга.
На фамилијата.
Со љубов.
поштарот не пуштат писма по вода
На мојот сакан пар Атиноѓен и Даница.
Играјте мирни танци на небото.

1. :9:

За едниот мој дедо, од мојве бледи сејчавања


за него, можам да ви кажа само дека беше висок. Абре
кога и да помислам на него ми се чинит дека го гледа
тој наречникот негов како на првата нојч од негојот
живот викат: „Нека бидит висок, метар и девеесет. Нит
педа појче, нит педа помалку... За другото не знам, како
че му се погодит, така нека бидит.“ Не дека било така,
туку мене ми одговарат така да си мислам. Умре пустиот
ко имав седум години. Првата смрт шо ја памтам е
неговата. На погреб не ме однесоја.

Дедо ми мој, по име Атиноѓен работел покрај другото


и една работа шо ја сака да си ја нареквам – „спуштај
- кревај“. Шо кревал? Шо мојш да креваш Струга ако не
бранана кај Света Петка, кај фабриката за огледала шо
е. Таму преку едни скали се слегвит во срцето на мостот
под кој шо имат едно сечило шо се креват и спуштат со
помош на рачки. Ако го крениш сечилото „длабокион“
Дрим се намалвит, а пак зато се зголемвит нивото на
„плиткион“ т.е онај од странана на џупска мала. Ако
пак го спуштиш то сечилото, нормално, сѐ се дешават по
обратна пропорција.

Уште од тогаш, на многумина им бил интересен процесов


на празнење на Дримов и то од една едноставна причина
– пенине шо се создавет од струјана на водана, ко че е
спуштена бранана, се губет. То значит дека од таму мојт
да поминит сѐ шо претходно било заглавено од сечилово.
И така еден ден мојот дедо си ја кренал браната.
Поминале неколку сати и ко се вратил да ја спуштит за
:10:
да го донесит теков на водава во нормала, гледат од под
мостов идат кошница. Во кошницата писмо, а на него
јасно се гледат дека е напишано Атиноѓен. Скокат одма
дедо ми во вода, ја фајчат кошницава со левата рака, а со
десната испливјат на брегот. Уште пред да го прочитат
писмово, одма трчат да видит кој го пуштил. Префрлат
преку мостов, ојт на другава страна, али џабе - таму
немат никој. Кејов празен. Го отварат сиот задишан
писмово и читат:

„Ам, ја те сака!“

Дедо ми тогаш имал 20 години. Момичињата го сакале,


али не до толку да почнет писма да му прајчет. Ама пак
на кого и да му пуштет таково писмо, и колку и да не
си ласкат чоек себе си, сите на крај го прајме то. Така и
дедо ми. Се заљубил до уши.
2.

По пат почнал да ојт како крилја да имат. Почнал да


потскоквит чоеков и да се понашат со сите љубезно.
Дома му почнал да ѝ помогвит на мајка му и на татко му,
пиел помалку, а пред момичкиве се понашал примерно
зш секој можела да бидит таа шо му прајчат писма и шо
го сакат. И така терал цела недела.

Некој ден одел пак да ја креват браната. Ја кренал,


водава се смирила и тук наеднаш пак гледат кошница
со писмо. Сакал одма да појт преку мост и да ја видит
момата шо му го прајчат писмото, али ако го напраел то,
писмото че му избегало. Се стрпил, скокнал и го истајл
:11:
надвор. Без да се потрудит да се стрчат преку мост го
отворил писмото.

„Знам дека сакаш да знајш која сум, али стрпи се.


Првата буква од името ми е 'Д'“.

Дедо ми само шо не се онесвестил. Уште дента почнал


само пред тие шо се викале на „Д“ да се понашат убо,
а пред другиве си се вратил на старото. На таа буква
пак биле само две девојки: Данче и Донка. Него пак
му одговарала било која. Ги гледал, ги меркал, си
фантазирал. Почнал ѝ на двете со огледала да им светит
во очите ко че оделе по улица. Им давал јаболка и шо
ја знамм сѐ друго. Како и да е, муабет со нив никако
праење.

Од дома му го гледале на дедо ми и им одговарало шо е


таков.
3.

Поминал еден месец и таман почнал да се нервират шо


не добил писмо од Д. туку му се појавило дур кревал на
бранана. Изнервиран решил да ојт наместо кон писмото,
кон тој шо го пуштат. Се качил по скали, излегол на
мостот и видел некоја во син фустан како трчат по кејон.
Ја стигнал за 1 минута. Ко ѝ привикал за да се свртит, шо
че видит – тетка му!

- Ти ми ги прајчаш мор писмава цело време! – ѝ


свикал.
- Ја тете! Али почекај да ти кажа зш!
- З`ш мори кукајцо!?
:12:
- Па уствари мајка ти и татко ти рекоја „И така ние му
ја најдовме жената барем да му напрајме интересно
да му е!“
- Значит стварно постој „Д.“ само шо вие во нејзино
име ми пуштате писма!
- Така некако. Немој да се љутиш. – му рекла ова, а
овај се насмеал.
- И која е? – ѝ викнал срамежливо – Данче или Донка.
А?
- Не бре – му викнала тетка му – Даница се викат. Од
Присовјани е. Татко и е Црногорец. Татко ти кажвит
дека ко че одмарал викал „И одмарање е глагол!“.
- Даница, велиш? Уба е?
- Не ја имам видено.
- Добро, ко така ел да ја спушта бранана и че ојме
накај дома заедно.
Ко пошол дедо ми дома му кажале дека тие му ја
сплетиле играта.
- Ајде, облечи се. Ојме да ја запознајш жена ти. – му
рекол татко му.

Тргнале накај Присовјани. Мојте да замислите како му


било дур се појче и појче се приближвел до неговата
идна жена. „Ам ако не е уба?“ си мислел „Шо прајме
тогаш? Че морат да бега од дома или да се жена со
сила“. Стигнале до кујчата. Ко ја видел Даница, дедо ми
автоматски заборајл и на Дејана и на Донка. Се заљубил
пустиот до на небо и назад.

Татко му и мајка му на дедо цел живот ја раскажвеле


:13:
приказнава. Викале дека дедо се заљубил во баба само
ради писмата нивни, иначе демек немало шанси да ја
земит за жена. Дедо пак тврдел дека не е така. Ја вика –
кој знајт!? Можит само се погодиле три убај моми и една
срејчна приказна. Шо викате а?
игри, сено и поезија
На Крсте Чачански и мојот татко

1.

:14: Сѐ во ова приказна че започнит со то шо вие


најпрвин че ја замислите улицата „Дримени“ во Струга
во три сатот поручек. Поточно, замислете ја кујчата
со број 19, со тераса над која шо имат преубо црвено
цвејче ползавец, а пред нејзе 3 диви костени. Одма до
таа кујча имат друга: напуштена, на три спрата, и скоро
целата искршена. После то замислете две деца, едното
девојче од 15 години, облечено прилично лошо и уште
едно момче, со исто толку години, бушаво и облечено во
сино бела маица. Тој бушавиот сум ја – Wezdensky шо ви
ломота ево токму сега, а финото, лошо облечено девојче
е Зу.

Пред да почнит приказнава и све дури сцената погоре


опишана стојт како здрвена пред твојте очи, че морам
да те замолам љубезно, тебе, читателу, да се тргниш
од кучата со број 19 кај шо претходно те поставив без
да знам з`ш, да се скриеш некаде кај шо никој немат да
мојт да те најдит и кај шо нема да мојш да го прекиниш
приодниов тек на случкава шо сака да ја раскажам.
Најубо че е да се скриеш во полено со `ченки одма зад
костените и да замислиш дека меѓу мене и Зу се одвиват
следниов дијалог:

- Знајш дека пак виделе како излегвит свештеникот


од кујчава до тебе?
- Доста те бре со тие глупости! Ви се гледало сениште,
чудовиште, свештеник, не знам ти шо! На 15 години!
Многу филмој гледате. Немат никој шо излегвит
навечер од кујчава и не ме замрајте со то.
- Абре вистина, Свотон го видел... ми рече дека
личел на татко ти...
:15:
- Хахаха! На татко ми! То е најглупото нешто шо го
имам слушнато. – ѝ викам и се падвам од смеење.
- Убо бе, кој те ебит, ако сакаш верви... си заминва
ја – ми велит и си одвит.

Вечерта седам дома и се џара во телевизорон. Сатот девет


навечер. Татко се спремат и заминвит за в`канцаларија.
Работат до касно секогаш. Сметководство. Ресава
ебате! „Чао, чао“ – си велиме. Како шо сум седел пред
телевизор, сум заспал без да знам. Се буда негде во три
и го гледа татко ми се врајчат од на работа. На него
носит црн кишник за дожд! Го гледа и ми теквит на
„свештеникот„на Зу. „Пичку матер“ си мислам. „Мојт
татко ми стварно да е тој манијакот шо кој знајт шо прајт
во празнана напуштена кујча!? М? Можно е?“
2.

Другиот ден пак седам, џаболебарам и туку пак ми се


дешават истото. Заспивам пред телевизор и во три сатот
после полнојч го гледа татко ми пак со црниот кишник
се врајчат од на работа. „Аааа.“ си вика „че морат да
проверам.“

Го чекам другата вечер ја скриен на едниот костен и


туку гледам кај шо се приближвит чоек во црн капут
и влегвит во кујчата. Ја ни пет, ни шес, влегва по него.
Тој се качвит најгоре на трети, по него ода ја. Ко стигна
до таму му викнав по името на татко ми. Не се сврти.
Викнав пак и се сврти. Не можев да му ја видам фацата
:16:
ама ко ме виде излезе на балконот и скокна од терасата.
Падна на земјата и то на нозе и не знам како ама не
скрши ништо. Поседа така клекнат малце и преку едно
мосте на каналот зад кујчата избега на автопатон шо е за
накај Охрид. Разгледав околу мене. Немат ништо.

Наеднаш слушам трчат некој поскали и туку го гледам


татко ми во црна наметка иста како на чоекот од пред
малце.

- Шо прајш ти овде!?
- Сакав да видам кој е мистериозниот чоек, со кој шо
го тупет сите!
- Ова е приватна сопственост, стоко! Может да те
затворет за провала! – ми се дерит тако ми.
- Абе прво влезе еден, имаше капут ко твојот... А ти
бе од кај овде?
- Те видов на балкон, а го видов и типот шо скокна,
па дојдов.
- И, кој е!?
- Не знам, не му се гледаше лицето. Ти го позна?
- Не – му викам – ни ја не го видов.
- Ајде да си ојме дур не дошол некој. – ми викат и така
си заминавме.

Седиме другиот ден на ручек и мајка ми, му викат на


татко ми:

- Многу си го извалкал кишникон за дожд, бре.


- Знам – ѝ викат тој и сркат од супата.
- Како да си скокал од трети – му викат таа и се смејт,
:17:
без да сватит дека можно е и да скокал!
- Не треси глупости – ѝ свика тој – седи јади – а мајка
ми седвит.
- Ти теквит бе ко се градеше кујчава до нас, дека остај
едно чудо раскази во една ѕигла горе на трети? – му
викат таа, а ја го гледа и не ми се вервит. – Само дур
беше во таа соба пишеше, после то стана досаден.
- Од кај ти теквет такви глупoсти. Молчи и јади – ѝ
викат и туку ѕиркат да видит ја шо-како се понашам.
- Аман бре каков си, не мојт чоек ни убај работи да
ти раскажит.
- То не се убај работи. А ти не туку ми се пули –викат
по мене!
3.

Другата вечер одма ја и се пушта во експедиција. Ко


некоја нинџа влегва во кујчата да ги барам расказите.
Гледам една скршена тула и внатре ливче остаено. Го
земам и се врајча дома на раат да го почитам.

„ Ти стварно мислиш дека сум бил писател! Остај ја


ти мајка ти. Таа не ја знајт приказната. Писателот
беше Чачански! Одевме еднаш од Струга за Драслајца
пешки. По пат ми рече да играме игра. За секоја буква
шо че ја кажеше тој – требеше да се измислет зборој.
Кој појче че измислит тој победвит. Умре пред некоја
година. Лесна да му е земјата. Ја му ги препишвев
:18:
скришум расказите на времето! Ево ти дел од еден
негов расказ да го прочиташ.

Чутурнага

Четворица сме, исто колку страните на светот: јас,


жена ми, ќерка ми и синот: играме шах, не двајца
туку четворица и одеднаш. Четирите играчи ги
симболизираат страните на светот, годишните
времиња, магичниот квадрат, а играта е древна,
прастара индиска игра, се влечат исти потези, се
избегнуваат замките на семиотиката, семантиката,
така диши граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја
игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно
е сознанието дека токму ние најблиските по крв и месо
сме тоа: победници и поразени...
Е така да знајш!“

Го зедов писмото и се вратив дома. Татко ми беше заспан


на фотејлата. На масата стоеше збирка раскази од Крсте
Чачански наловена со то чудно име „Чутуранга“, а под
неа роман со наслов „Сенката на Лилјакот“. Ги зедов и
ги почитав во еден здив.

Од тогаш ниту еднаш не прозборевме со татко ми на таа


тема, ама мудро си молчевме. Се гледаме туку-така ние
четворицата: ја, брат ми, татко ми и мајка ми и игравме
тивко некоја игра без да знајме која. Ние играме, а таа
се тркала, се одбиват од земјата и туку удира во нас.
Чутуранга!
:19:
4.

Улицата Дримени се печит на џешкото сонце. Немат


никој. Од далеку идат некој чоек. Не можам да го видам
најубо кој е. Вака ми излгедат како чуварот на нивата кај
шо си скриен ти читателу драг. Чекај да вида подобро....
Да... тој е... чуварот. Екрем се викат. Многу е лош... Бегај
море шо чекаш, уште некоја реченица на ражен!
во случај да бидете опасна комбинација со
своите цимери подобро разделете се – има
доволно скапи слободни гарсојњери во
Скопје

:20:
Не знам зш, али никогаш до сега не сум напишал
ништо за мојот студенски живот. А ево, да сум искрен
како и секогаш - немав ни сега некоја посебна намера
да не ме потсетеше она теткицана на студентски, шо
Пепе - еден од мојте вселенски брајча ѝ го собират од
дамна, дека за последен пат чекам ред во она малана
просторија со низок таван кај шо и демоните паѓет в
несвест од шо е џешко.

Е сега да се изберит за шо да се пишит од овие четири


години и не е така лесно, исто како шо не е лесно
да живејш со тројца Охриџани. Е сега ја како чоек
од поубајот град – малце по на запад од онај кај шо
таксистине сакет да ти земет 500 денари за до Струга –
морам најпрвин да ви ги претставам цимерите. Така на
сцена ги добиваме:
Кољомир од Оровник – Охридско,
Буф од Скребатно – Охридско,
Тачка од Белчишта – Охридско и
Ја Везденски од Драслајца – Струшко.

Све сељак до сељак.

Е сега ко почнав со имињава барем да ги објаснам и


основните карактерситики на сите:

Кољомир – главен лик на приказнава која че следи е чоек


шо немат два грама мозок и кој му го скрати животот на
Буф за едно 10тина години.
Јование Зоограф – најпрвин наивна жртва за која името
:21:
кажува сѐ.
Буф - бушаво створење за кое может да се напишет
томој. Изгубен во свемирот, ретко ја допират реалноста
и наседвит на секое ебано нешто кое че му го зготвит
Кољомир.
Јас – лиот од покрај Дрим со желба за пишење.

Пред точно две години, се врајча ја од скитање во


нашиот изнајмен стан некаде во Капиштец и гледам
како Јование го бркат Кољомир по станот. Ги смирвам
и двајцата и прашвам шо е работата. Ми го раскажаа
следново:

Кољо на кој шо му здосадило, пошол во собата кај шо


седел Јование и му рекол:
- Брат, го чистев штампачон и голтнав од бојата од
кетриџон. Многу ми се лошит!

Јование, мирно свирејчи си на гитара и воедно знаејчи го


Кољомир му рекол:

- Бегај бре, не сум ја Буф мене да ме заебаваш.


- Абе стварно море! Многу ми се лошит.
- Убо. – му рекол овај и си продолжил да свирит.

Излегол Кољомир од собата и се вратил во неговата.


Јование си седел и си свирел ко наеднаш слушнал како
нешто силно треснало. Одма станал пошол во собата и
ко че видит шо че видит: Кољомир легнат на земја, се
:22:
тресит неопределено и од устата му течит бела пена.
Нормално ко ѝ секој шо би изреагирал, и овај се стресил
од глетката. Арно ама пред било како да изреагират
видел дека во пената шо му течит од устата имат и
светло црвена боја. Одма сватил дека уствари овај
паста имат во устата. Тука Кољомир почнал да се смејт
и Јование да го бркат за да го пребиет. Тука всушност
влегов ја во станот.

Од ко ги смирив, седнавме. Кољомир незадоволен со


резултатот ни рече дека то че му го напраел на Буф
и демек ако сакаме и ние мојме да учествуваме. Ја се
откажав, а Јование не сакаше да чует. После некоја
минута се појави и Буф. Се поздрави и ојде во собата
да учит. Кољомир одма после 5 минути влезе кај него и
му го кажа истото шо и на Јование т.е. дека лижнал од
бојата на кетриџот. Буф нормално го избрка после сѐ шо
имаше преживеано со него.

Следна ситуација: Седиме сите четворица во различни


соби кога од WC сe слушат силен удар на капак од
шолја и како чоек паѓат на земја. Тргаме сите наеднаш
кон таму, а прв стигвит Буф и ја гледат следнава слика:
Кољомир само по боксерици легнат врз плочките, се
тресит и од устата пуштат бела пена.

Јование одма почна да се смејт, а богами и ја исто. Буф


целиот во паника не примејчат дека ние всушност се
смејме и почвит да го грабат телефонот за да јавит во
болница. Сиот потресен и возбуден не мојт да го свртит
:23:
бројот. Почна да побледвит и да бладат. Јас се трудев да
му кажа дека е заебанција, ама не можев од смеењето, а
исто и Јование. Наеднаш Буф го зеде тушот и сакаше да
го испрскат на Кољомир со вода по шо овај стана и му
рече:

- Бегај бе, не прскај ме бе! Шо ти е тебе! - и му се


изнасмеа.

Тогаш се деси хаварија која не ја памтам најточно, али


знам дека падна голем ќотек и тој на кој шо му беше
упатен место да викат од болка, се виткаше од смеење.

И за шегаџија требит да имаш јајца.


јаболкницата - табакера

Беше лето и џупцине вејче почаа да шетет голи.


:24: Во Струшко поле ги чувавме цигарите. Скриени беа
зад едно дрво. Одевме таму цело друштво и пушевме –
глумевме локомотиви за чалам да се прајме. Купвевме
ако убо се сејчавам „Сет“ цигари – не сум сигурен за
брендов, али уште не ми се вервит дека сме го пушеле
то срање. Како и да е, секој ден бевме таму.

Го праевме истиот ритуал скоро цел месец и таман ко


господинот Август почна да си заминвит како јагулине
на север по Дримон, нас почнаа да ни снемвит цигари
од кутијата. Се думавме кој би можел да ни ги крадит
цигарите и кој мојт друг освен нас шестмина да знајт за
скришното место, скоро секој ден, ама за џабе. Никако
не можевме да откриеме. Неколку пати го сменавме
местото за криење ама крадецот пак ги наоѓаше.

Еден ден решивме да чекаме цел ден скриени таму.


Појдовме кон 12, зедовме сендвичи за јадење (секогаш ко
че одевме некаде на подолго го праевме то) и се качивме
на јаболкниците од околу. Си поседамвме така едно 6
сати ко пиљци по гранкине, не гугнавме ни еден збор
и видовме не видовме си признајвме дека морат некој
од нас да ги крадит цигарите. Ама кој? Се распрашавме
сите меѓусебно и никој не признават дека е крадецот. Си
заминавме дома сите замислени. Од сега беше секој за
секого - дури не се откриет. Никој не смееше да вервит
во никого.

Ја знаев едно: ја не ги крадам, па решив да појдам сам


да го чекам крадецот. Другиот ден се качив на една
јаболкница и чекав.
:25:
После долго време седење, гледам идет некој. Ојт бавно,
го слушам. Се појавјат Е. Ја слегвам од на дрво и му вика:

- Аха ти си значит тој шо ги крадит цигарите?


- Или паки ти!?- ми велит тој и се смејт – И ја дојдов
да видам кој ги крадит!
- Немој да лажиш – му вика – Ја дојдов да видам кој
ги крадит!

Тогаш се појави Д. и рече:

- Па и ја исто.

После него излегоа И. Б. и М. со истиот муабет.

Се опуливме и останавме зачудени. Некој морат да е


крадецот! И дур се мислиме така И. викат:
- Тој шо не зел сендвич за стража – тој е крадецот! То
би било најлогично!

Сите освен Е. ги извајвме сендвичите. Е. нѐ опули


и почна да се правдат на сите можни начини. Не
признаваше. Имаше некој чуден сјај во очите негови.
Видовме, не видовме после пола сат расправии решивме
од тогаш да си купвиме секој своја кутија, и да заборајме
на сето то. Така и напрајвме.

Тогаш пукна нешто во нашето друштво. За неколку


месеци сите фативме свој патишта. Се дружиме само
со И – свот ми е. Ко че се собериме сега, после долги
години со истите тие луѓе (сите пушачи) мене редовно ми
:26:
снемвит по неколку цигари од кутијата. Ама си молчам
- ми стана некако интересно. На тие средби секогаш
ко че го вида Е. си вика: Времево не постојт за сите
Wezdensky! Еве види колку години поминаа, а сјајов во
очиве на Е. остана истиот. Ех...

Ево видете и вие драги читатели - тој го имат истиот сјај


во очите како тогаш, пред многу години кај нашето тајно
стебло: јаболкницата – табакера...

Ма шо ми е мене! Како би моеле вие да го видите то!


кај се жените?
  

Се зачитав вечрва поезија од господинот Лорка.


Сега че набројам на кого сѐ се посветени поемиве
негови, па вие донесите сами заклучок: 
:27:
- На Емило Прадос
-  На Салвадор Кинтеро
- На Карлос Морла Викуња
- На Хорхе Саламеа
-  На Франсиско Иглесијас
- На Еухенио Монтрес
- На Макосимо Кихано
- На Мануел Торес
- На Ернесто Халфтер
- На Педро Салинас, Хорхе Гињен и Мелчорито Фернандес
- На Наталита Хименес 
- На Мигел Писаро
- На Лопе де Вега
- На Хоакоин Амиго
- На Кармен Моралес
- На Глорија Хинер и Фернандо де лос Риос
- На Лидија Кабрера и нејзината цркиња
- На  Маргарита Хиргу
- На Хосе Антонио Рубио Сакористан
- На Хуан Гераро
-На Луис де ла Серна
- На дон Дернандо Ортис
- На Мигел Перес Фераро
:28: - На Клаудио Гиљен
- На Салводор Дали

Збирката е наречена Неверна Жена. Цела вечер се


прашвам која од овие 4 (т.е и цркињата - значит 5)  е
неверна?

Патувајте до месечината со Лорка, драги мој и


припоменте си на Buñuel.
Eлетронски жили

Сцена: Ја, мојот брачед, неколку денa после Нова Година.


Дневна соба, компјутер, Лори Андерсон и литар шкартен
коњак со убо капаче. Седевме и праевме некој анти-
новогодишни муабети ко се решивме да им пишуваме :29:
mail на Бадел и да ги известиме дека на копијата на
нивниот производ, капачето е сто пати пофункционално.
То и го направјвме,само што тој mail се изгуби некаде.
Како и да е после то се запнавме за рекламата на Европа
на која шо пишеше 125 години традиција и го пративме
следниов mail:

----- Original Message -----

From: Joldeski Nenad

To: evropa@mt.net.mk

Sent: Thursday, January 03, 2008 2:32 AM


Subject: pitanje!?
Почитувани,

Би сакале да ве прашаме како е можно Европа фабри­


ка­ва ваша да е стара 125 години. Па знајте вие бе кога
била 1883, а?

П.С. Црешовото топче својот неуспех го доживеало во


1903, а вие веќе 20 години сте праеле крем банани...???

Не се заебаваме чекаме одговор

поздраФ

После долго смеење, заспавме. Утрото со цел мамурлак


:30:
успеав демек да си направам кафе. Седва пред компјутер,
проверувам mail и го гледам следново:

From:“evropa” <evropa@mt.net.mk>

To:“Joldeski Nenad” figment_mk@yahoo.com

Subject: Re: pitanje!?

Date: Thu, 3 Jan 2008 09:08:39 +0100


Почитувани,
 
Во attach ви испраќам краток текст за историјатот
на фабриката кој ќе ве увери дека таа навистина
има историја долга 125 години (навистина
повеќе и од црешовото топче) само што тогаш
не правеле Крем банани (тие се понов производ)

Благодариме на покажаниот интерес,

Поздрав,

AD“ Evropa“ Skopje


:31:
После тоа немоев да одолеам па им напишав.
Ви благодарам, сега работите станаа пологични и штета
што тогаш не ги јаделе вашите БАНАНИ.

Е ова ти се викат добро имплементиран Маркетинг.


Ристо Крле и баба му
    

Седевме летото покрај Дрим. Се капевме. Јас,


:32:
Воланд кој личит како Јован Крстител татко да му е и
Н. - чоек на кого некој работи едноставно му се случвет.
Се капиме така и се бафтаме во водата. На горната
страна на кејот висит споменикон на Крле. Започнуваме
џежок муабет за него, па дури и смисливме и филмско
сценарио за „Парите се отепувачка“.  
- Ееее, брат, драмава е за баба напишана? – викат
наеднаш Н. а ние му се пулиме и го меркаме чудно. 

- Како бе за баба ти? - му вела ја. 

- Така бе брат, овај Крле, уствари бил некаде и требело


нејзе пари за лекој да и донесит, ама овај ги поебал
парите и таа умрела. 

- Ти бе салам си! - му викат Воланд и на кратко му ја


раскажвiме вистинската приказна, онаа дека се враjчат
синот, а мајката и таткото не го препознавет и го убиваат
во сон, ради парите... Му кажвиме дека е земена според
вистинска приказна од Албанија, ко работел тој таму.  

- Немат врска! – викат тој - Ја ко ви велам. Така е како шо


ви кажвам, зато се викат така - ради парите. Парите се
отепувачка! Прашај ја на баба - ми велиt - ти убо стојш со
нејзе че ти кажит.

После муабетот се замиливме. Или е Н. луд скорз на


скорз, или Ристо мамел. Едно че да е. Како и да е
добивме супер идеја. До споменикот да напишиме: 

Парите се отепувачка, жените такујџере!

:33:
државен удар
   

  Вчера бев на блуз во Балет. Че се истепав со онај


на врата на крај, ама то немат сега врска. Ко си одвев ми
текна ко ме осомничија за државен удар.  
:34:
Беше лани зимата ако се сејчавам убо. Си одвев кузнит
од каде и поминвев покрај владата ни наша. Е сега
ако ви теквит, покрај владана, имат закопани во земја
округли сијалици. Ги имат многу - низ цел ред. Си
поминвам ја така кун 3 саатот после полнојч (или шо
викат Амди Бајрам од 12 часот 3 часа поминување) и ми
идет на памет да се наведнам и да ја чепнам секоја втора
сијалица. Е сега, мене бре ко че ми дојт на памет нешто,
не се прашвит дал била влада или не. Одам и чепкам на
секоја втора сијалица (шо значит на секој втор чекор се
наведвам до земја). Ги исчепкав така до крај и си тргнав
да префрла улица ко слушам: 

- Дечко, стој и не мрдај!

Се вртам назад и гледам еден цајкан и обезбедување


трчат кон мене. Е мајката си вика. Шо е сега работата?
- Што правеше пред малку, те гледавме на камера, а? - ми
викат, а мене бело маче не ми се гледат пред очи. Почва
да се смејам. – Кажувај што правеше!? - ми викат. 

Му објаснив дека ја чепкав секоја втора сијалица колку


што можев и не можев, и го гледам чудно ми се пулит, и
тој, и цајканот. Наеднуш почвет да се смеет.  

- Од каде си дечко? 

- Од Струга - му вика. 

- Епа Стружанец да знајш ако се десит нешто со владава,


че бидиш осомничен за државен удар, те имаме на
камера. - ми велит, а ја прскам од смеење и се клатам. 
:35:
- А дан имаш упајлач? - му вика, и ваѓам цигара.

Ми даде упајлач, јас него цигара и се поздравивме.

Така Јас Wezdensky бев осомничен за државен удар.


Ништо не се деси битно после то, освен то шо ја од тогаш
знаев во кризен случај како да најдам упалјач.
двобој

Си станав ја едно сабајле пред години, изџвакан


од комарци и седнав пред Господ. Штракам по то
дајлинското, а Господ менвит расположенија со секој
:36: клик. Вести, вести, сообрајчајка, цртан, насилство,
вести, вести... Стега на црвеноно копче и Господ легвит
да спиет. Темници. Влегвит мајка ми и ми дават писмо.
Ај, не дај боже! Писмо? Од кога почнаа писма да ми
пуштет мене, си вика и гледам во Господ. Тој пак црнејт
и молчит.

- Го донесе еден изнервиран младич – ми викат мајка


ми и ојт да прајт нешто в кујна.

Го отвара писмото, а внатре бела нараквица и на еден


мал бел лист напишано:

„Зад школо во 5 саатот поручек. Е.“

Седам и се мислам. Ова че да е покана за двобој.


Сигурно многу сум го изнервирал Есад чим решил вака
драстично, одма ни пет, ни шес на двојбој да ме викнит.
Пичку матер.
Е, убо... Чим е таква работата си вика - така нека е - ама
пустиов заборајл да ми кажит со шо че се бијаме. Мач
немам, пиштол – и то немам, ножој – или за мачкање или
тупи се. Наебав! Ако не друго че загинам ко Пушкин. Е
супер! Наеднаш ми текна на „Капетановата ќерка“. Во
нејзе имат едно поглавје наречено „Двобој“. Скоро да си
ја предвидел судбината кутар Пушкин. Уште и ја да имав
некоја новела или ракасазче такво и че беше супер. И да
загиниш да не ти е криво. Барем славен че си. Сатот 4.

Слегва ја долу кај дедо и му вика:


:37:
- Деда, че ода да се тепа со едно дете – дај ми некое
железо, зш нема со шо да се тепа. – а тој ме гледат
и како да не ја свајчат сериозноста на муабетов,
продолжвит да плетит кошници. – Ме слушаш бе еј!

- Те слуша! – ми викат – имаш во гаражана еден чадор


со остар врв – оди со него бијајте се, скрешете си
глајте!

Одам ја го наоѓам чадорот и се качвам горе. Мислам на


двобојот. Мајка ми сервират јадење. Не кажав ни збор за
време на ручекот – имав трема. Почвам да се спремам.
Земам шибер еден, неколку камења, еден нож, Евгениј
Онегин како план Б наместо расказот шо го неам за
да су славен, нараквицата, обувам патики, го земам и
чадорот, му го проверва врвот и тргвам.
Надвор сонцето печит ко под сач да си. Се осејча ко
џомлезец. Стигвам зад школа, а таму немат никој. Чекам,
пет минути, десет, пола саат... уште никој немат. „Пичка
е овај Есад. Само се силит и на крај немат да се појавит.
Или пак каснит ко жена да е. Исто говно.“ си мислам.

Таман решив да си ода – туку се појави Елена. Идат накај


мене и ме гледат чудно.

- Шо си така наоружан бре – ми викат - а ја кутар


седам и не можам да поверва дека умов само на
тепање ми ојт.
- Чути не прашви – ѝ вика – Ти ми го прати писмото?
- Ја, ти го пратив, а кој да ти го пратит друг. Се ебиш
:38:
и со некој друг!
- Аха – и вика – со Есад – и се смеам.
- Не треси глупости.

Ги фрлив сите работи шо ги зедов, ја гушнав пустата


Елена, ја легнав на трева и почнав да читам од Пушкина
стихојте. По некое време удривме на љубов, таму на
тревата. После то се запулив така во мирното небо и
дојдов до заколучок:

Пичку матер, морам да почна да чита помодерна


литература!
приказната за цајканот клен и
раскрсницата со расипан семафор

Еднаш, порано по Стругава нон-стоп можеше да


се сретнит еден чоек. Го викаа Номче. Пустиот кога и да
го сретневме не знаеше ни кој месец сме од шо беше нон :39:
стоп „клен“ напраен. Истиот тој праеше триста будали
во еден ден во зависност од филмот шо му се нудеше.
Најчесто изиграваше цајкан на она раскрсницана шо е
ко че влезиш во Струга од кај бензискана. Земаше едно
свирче и само фучеше по то колите. За некое чудо никој
ништо не му викаше, ама никој не го ни примејчаше да
биме искрени.

Еднаш, не знам кој ден беше си појдов ја кај Свотон


мој сред бел ден – демек кафе да се напија и на крај ја
напрајвме големата и кафето стана еквивалентно на
десетина пива. Си тргнав накај дома и случајно поминвам
од кај раскрсницата и ко че го вида Номче пафтат со
рацете лево-десно, се дует и свирит со то свирчето. Коли
идет од сите страни. Седнав покрај раскрсницата и се
загледав во него, му ги пратам движењава и се труда со
сите мој координаторски способности да најдам некоја
шема, некаков код – шо ја знам. Седев така едно пет
минути и по долги напрегања свајча уствари дека чоеков
не пафтат со рацете за без везе, тук дека стварно во то
шо го прајт диктират совршени правила на игра. Овде
можам да си ја кажа омилената изрека: Арно ама шо
дека! Коливе возет и никој не го фермат на пусти Номче.
Ја импулсивен по принудна природа, станав и појдов кај
него среде раскрсница. Почнав и ја да мафта по коливе,
да се дера дека чоекот е во право и дека ако сите го
следет – веројатноста да се настрадат е многу помала.
Џабе! Никој не ме фермат ни мене и исто ко да не постоја
си поминвет коливе која како че и текнит.

Се разбудив вечерта дома в кревет. Глава – тапан. Одвај


се сејчава како сум стигнал до дома. Се напив некој ап
:40:
и пак легнав. Сабајлето трнав пак накај Свотон мој –
овај пат за стварно кафето да си го испијам и поминав
од раскрсницата. Номче го немаше, колите фучеја и
поминвеја како че им текнит како и обично. Семафорот
нормално не работеше, како и шо беше од ко знам за
мене. Појдов кај Свотот и приказната на мојот живот си
продолжи понатаму.

Пустиот семафор уште не работат, ако е единствен во


Струга. Номче умре – го најдоа во неговиот празен стан
на „Ристо Крле“, спружен врз картоните на паркетот.
Убав чоек си беше – по малце несмасен. Денски цепеше
дрва – нојче пијаше сѐ. Сега седам и си мислам „Ех да
беше жив! Работите че беја поинаку. За најсигурно знам
дека една че беше поразлична, а то е дека: да беше меѓу
живите можда немаше да се десет сообрајчајките шо се
десија од ко умре. Ама то е... се мислата ме терат на то
дека на Струга и требит нов хроничен пијаница – и така
скапо е денес да стајш семафор.“
специјалноста на госпоѓата „општа“

Порано си имавме еден кафич Александар. Беше


одма покрај Дрим и беше најубото место. Се случија чуда
со пустиојот кафич, како и со сите ние шо бевме внатре. :41:
Ја мислам дека бев од последната генерација шо висеше
таму. Внатре скоро сите шо работеје се викаја на М.
Памтам еден ден гледавме некој кивз дур во меѓувреме
ечеше „Мај нејм ис Себастијан“. Седевме Ја, Свотон и
П. и гледавме. Прашањето беше: Кој е главен град на
Португалија? Гледаме во квизот тројцата и скоро ништо
да не зборвиме. Наеднаш со Свотот одговоривме во хор:
- Лисабон – и пак замолчивме и почнавме да гледаме
во празните чаши.
П. нѐ опули чудно и ни рече:
- Од к`ј знајте бре?
Ја му вика:
- Од општа култура бе брат!Аман!
Пак не опули чудно и тивко си рече:
- Убо бе, ам ја не учев општа! Ја учев геодезија!
курвинско статистичка обработка на еден
школски ден
На Буф

Ледено декаемвриско утро. Брат ми се истрипал


дека поубо се спиет во ладна соба. Се будам.
:42:
Сонвев кај шо сум околу милион пингвини и како сите
свртени кон мене, ред по ред скокет со салто наназад
в море. Мразој насекаде. Мене ми студит до у пичку
материна.

Сонвев? Ебате сонот шо ко че се разбудиш продолжвит.


Да, немат пигвини – ама го имат татко ми, неговата
свежо стаена колонска вода, а богами и неговата желба
да ме будит со то шо че ми го земит чебето од на мене.

Се исправам. Ставам плачки на мене и одам надвор


по снегот. Сатот точно шест и петнаесет. На автобуска
се собрале сите и чадет како возој со тие цигарите. Се
трует. Петелот во дворот до автобуската ебит кокошки.
Во 6 саатот на сабајле сред зима! Еј! Палам и ја цигара,
а шо друго би праел после таково будење и таков пејсаж
пред мене. Идат автобусот и сите се качвет. Внатре
тој шо тргнал од првата станица – си седнал и заспал
згужван во јакната. Бараш слободно седиште ако имат и
легвиш и ти.

- Ајде бубалици станвите, Охрид све, станица


Еконмско – викет овие од ЕМУЦ.

Се будиш мрзливо и гледаш во нивниве фаци. Џокери.

7 сатот – влегвиш во училница.

Час: Статистика.
:43:
Веројатноста професорката да закаснит на час: 0,1 без
отстапување.

Медијална вредност на оценките: 3.00

Жени наспрема мажи: 3:1

Буф седит згужван до мене, пуштил на вокменот некоја


касета и не мрдат. Професорката ја немат. Сите спиет.
Гледа ја во вратата и наеднаш влегвит професорицата
по Англиски.

- Губите статистика. Come on wake up!

Бре пустиов таргет горе за веројатноста се исполна, ама


шо дека шо викет стариве ко испадна не по гла – по шија.
Од секогаш знаев дека статистиката е курва најголема.
- Горане, ти ќе одиш да ми купиш маркер за таблата.
Овај се потроши. – викат професорката кон Буф.

Тој станвит, си мумлат нешто во него, ги земат парите и


заминвит. Книжарата е на неколку секунди од школото.
40 минути при крај на час.

Часот едвај течит. Минутиве како на куца нога да се да


им ебам све. Можда дека школово е во Охрид? Можда и
денот е таков? Можда дека спијам во ладно покрај то шо
имам парно дома? То че да е. Буф го немат.

Уште 20 минути до крај на часот. Таблата е празна.


:44:
Професорката диктират. Ми препиша пенкалото. Го
земам од Буф. И то препиша.

Која е веројатноста да ти препишет две сини пенкала во


иста минута? 0.1.

Ама ето се дешават и то. Такви се курвите. Прет­


поставувам... Буф го немат.

- Што направи Горан, деца? Маркерот да не го


полни некаде?

Сите почвет да давет своја теорија како одговор на


прашањето. Па и не е тешко ко Буф е во прашање.
Настанвит мешаница. Владе и го затегвит прслукот со
сета сила на Наташа и ѝ го пуштат. Пукат тој на кожата
нејзина и Нате цела црвенит.
10 минути до крај на часот. Која е веројатноста
професоркава да станит интересна? 0.1.

- Деца, да ви кажам еден виц. Се карале татко и


син кој од нив двајца е попаметен. Се расправале
долго и на крајот синот му викат.„Добре бе, ај да те
прашам нешто да видам колку си паметен. Кој го
измислил телефонот?“ Овај му викат: Александра
Грахам Бел. „Па нормално,“ – викат синов – „Ти дан
мислеше татко му го измислил, ебате !“

Абе курва си е курва.


:45:
5 минути до крај на часот. Која е веројатноста на Буф да
го грабнале вонземјани? 0.1.

Буф влегвит само со главата низ вратата.

- Професорке, маркерот црн или црвен сакате?

Се смеет сите, а ја чутам. Све си мислам: Веројатноста


сигурно сметала дека сум ја претерал во постаувањето
на последното прашање.
Која е веројатноста да се десило то?
за кого бијат тенџерињата  
    

Денеска ни коктелите на Ерофеев не ме спасвет.


Сум се пикнал во „у курац“ и нема намера да си одам од
:46:
таму. Секогаш ко че сум во вакова состојба се потсејча
само на една приказна:

Македонија 2001. Ние сме во Вишни. Селото е празно,


водата замрзната (имаше вода само кај војниците),
потполна штама. Имавме по 14-15 години, многу ракија,
вино и музика. Кујчата кај шо седевме е точно на сред
село. Војниците беа наспроти нас - во домот. Влеговме во
кујчата и се смествиме. Машките одет горе на спратот да
палет оган и да топлет ракија, а девојките долу да прает
вечера. Од дома нѐ барет по телефони и само викет: „Вие
не све нормални! Војна е ало! Вишни е скоро на граница
со Албанија! Абре, ако се десит нешто вие први че
настрадате!“ и слични такови реплики, ама ти нормално
не ги слушаш и им одговараш: „Имат ваму војска цела
шо не чуват, не берете гајле“. И така, почвиме. Кирца го
палит огнот, а ја на плинското ставам ѓезме со шејчер
и чекам да се напрајт црвен за да ја турам ракијата.
Другиве игрет карти, а долу седет девојчината наши. Сѐ
е под контрола.

Се прешетвам ја горе-долу низ кујчата. Одам го про­


вервам шејчерот и гледам се вцрвенал. Турвам ракијата
сиот со тресење во рацете зш ми беше од нешто страв
и тук наеднаш пламна цело ѓезме (никогаш немојте
да турвите наеднаш ракија во зовриен шејчер! Само
полека.) Се тргнав малце настрана  за да спласнит
огнот и на крај конечно ја турив ракијата. Слегов до
долу и решив да ги уплашам девојкиве и им вика:

- Се запаливме! - и почвам да се смеам. Гога (соп­


:47:
ственичката на кујчата) ме гледа нејасно и одма трчат 
горе за да видит шо се десило. Се качвит по скалите,
гледат дека све е во ред, ми пцует све по список женско
шо е дома и слегвит пак долу.

Така, поминвит времето, а јас се заебавам низ кујчава,


се дур не ѕвона телефонот. Гога креват слушалка и
прајт муабет со баба ѝ. Ја слушам како реплицират:
„Убо мор бабо не се секирај, нема да се запалиме, сѐ
е в ред!“ и наеднаш ми станвит јасно дека ја заборајв
ракијата горе на плинското. Трчам по скалите, се
качвам горе и шо че видам: ракијата само што почнала
да претечвит, другариве игрет карти, на радио вртит
„Burn“ од „Deep Purple“, а плинското се наоѓат под
лустерот на кој шо висит шал. Наеднаш почвам да
вика некој да ја фатит ракијата, а и самиот одам да ја
тргнам од плинското. Другариве прекинвет да игрет
карти, се пулет во плинсково и во тој момент ракијата
претечвит од ѓезмето, се креват пламен, се палит шалот,
некој го шутират плинското, почвит да горит тепихот,
јамболиите од креветите и настанвит општ хаос во рок
од 1 секунда. Слушам како некој викнат „Вода!!!!!!!!!“. Е
вода де! Ама вода имат само кај војниците. Слегвам ја
долу, отворам врата и почвам да вика:

- Бегајте!!!! Горит све! Се запаливме!! Инсталацијата!!!


Полициј.... пожарн... викај... теле - се дерам и незнам шо
зборвам од паника. Анита и Гога ме гледет и мислет дека
се заебавам пак.

- Бегај бе мафни се! Нас истите финти два пати ни ги


:48:
прајш!!! - ми викет, а ја вејче незнам шо да прам и почвам
на сила да ги влечкам од собата. Ко сватија дека не се
заебавам почнав да трчам накај војниците.

Трчам со сета сила и наеднаш стигвам до двајца


специјалци. Луѓе-карпи. Ме гледет задишан и ми викет:

- Шо е бе мали, шо си толку блед?! - а ја се пулам  и се


трудам да им објаснам со мимики дек сме се запалиле,
зш појче неам зборој.

- Давајте вода! Се запаливме! – после некое време им


викам.

Ко им го реков то сите се стаписаја. Зедоја шишиња


и трчет со мене накај кујчата. Како шо трчаме јас
примејчам дека од нив - ниту еден не е трезен. Јас трчам,
а тие падвет по мразот. Стигвиме до кујчата, горниот
спрат целиот чадит, а тие влегвет во кујчата со сета
муниција и пушки!!!

- Абе ало! - им вика. Таму горит!!! Кај ојте со пушките! -


ама никој не ме слушат.

Почнаа да се качвет по скалите, едниот се сопна, падна


и како шо падна ги бувна и другите тројца со него. Се
истркалаја по скалите и тогаш се појави Гога и рече:

- Оф! Оф! Не трчајте го згаснавме огнот. Ни текна


дека долу се праеја шпагети па ја истуривме водата, ја
фрливме боцата и средивме работа.
:49:
Ја гледам Гога и сите другари, а нашиве специјалци
се исправет на две нозе и почвет да си ги тресет
униформите од прашина. Почнавме да се смејме сите.

После то три дена се дружевме со специјалците. Тие


имаа све! Јадење им стигаше секој ден по едно комбе.
Имаше за да се најајт цело село. Пиење им дававме и ние
и тие нас. Све праевме заедно и исто се понашамвме,
само што една беше разликата:

Тие беа специјални единици - ние специјална паралелка!


Приказната за Пеце Рингла

Јеховини сведоци ѕвонет на една врата некаде во


Битола. Се отварат вратата и се појавјат младо дете на
околу 17 години, со права коса до над газот, боксерици
:50: и црна маичка со апликација кај шо глата на Исус е
распната на кол, насекаде горит оган, а преку сѐ тоа
пишит „666“.

- Извинете грешка – викет Јеховините сведоци и му


се пулет со страв.
- Не бре чекајте. Имате од оние брошурине шо ги
давате?
- Да, да имаме. Вие сакате?
- Да. Дајте ми – викат младичот, а тие му подавет,
една бесплатна книга кај што истиот лик од
неговата маица спокојно лежи на крстот.

Младичот влегвит внатре и ја трескат вратата. Наеднуш


се слушат:
- Денвер, не оди по тоалетна. Најдов! Поминаја
јеховини сведоци!
Е тој младичот погоре се викат Печур. Ја го крстив! За
него моет да се напишет томој, ама засега само че ви
раскажа само како си го изгоре газот на рингла, по што
на името Печур му беше додаден прекарот Пеце Рингла.

Живееја заедно со Денвер и Џаџи во еден стан во Битола.

Еден ден Денвер мирен по природа си седел и си учел


нешто. На Пеце му било досадно и му влегол во собата и
од шо немал шо да прајт му го соблекол газот и му седнал
на ринглата од шпоретот за на овај да му е гнасно да
јадит. Денвер го избркал нормално и продолжил да учит.
Арно ама, со Пеце ти не мојш туку така да се разбериш
лесно. Пак му влегвел во собата, а овај пак го бркал. На
:51:
крај Денвер престанал да учит и ја уклучил ринглата
за да јадит стварно. Пеце бил во другата соба. Поседал
малце таму и ко со детска наивност пак се вратил за да
седнит на ринглата. Ринглата вејче вцрвенета го чекала.
Влегол и со трчање гол се залетал накај шпоретот.
Денвер не можел да го спречит и тој седнал на жешката
рингла.

Овде слободно мојте да се присетите на она: „да седиш


на жешка рингла една минута и со уба женска една
минута – не е исто времето!“ И стварно не е!

Од ко Пеце паднал сиот со изгореница на својот дебел


влакнест г`з никој не знаел шо да напрајт. Џаџи тука се
покажал како вистински гениј.
- Сол на рана! – рекол - Од секогаш така пеет по
песнине. Шо значит Денвер, давај сол и масло.

Пеце сиот во болки не ни можел да размислит колку


е Џаџи грешка и дека не убо ги слушал текстојте од
песните и на сета болка дозволил да му се ставит сол
и масло на отворената рана. Колку го болело на Пеце
тогаш, не сака да знам, ама сигурно го видел истиот онај
Господ како се шетат по боксерици од болка.

Вечерта не успеал да заспиет и сабајлето отишле сите


заедно на час. Студираја музика. Пеце одвај некако го
издржал првиот час. Неоправдани еден куп! Поведение:
нула! Ама шо че прајт . Ојт кај класниот и му викат.
:52:
- Професоре ја морам да се ослободам.
- Зошто бе Пеце сега? Што смисли овај пат?

Овај со срам и голема болка му рекол.

- Го изгорев газов на рингла!

Професорот останал зачуден. После долг муабет сватил


дека детево е стварно во болка и го пуштил. Следен
чекор, го зел телефонот и се јавил дома му:
- Татко, го изгорев газов на рингла. Имам отворена
рана и изгореница.

Замислете вас да ви се јавет така. Шо че напрајте?


Ништо. Че ја запалите колата и че појте во Битола да го
земите.
После го средија некако. Една стара баба го измачкала
на газот со маст. Ама то мојт само тој да ви го раскажит,
јас не сум ни блику толку театрален како него.

Ко ми кажаа прво по телефон, а после во живо самиот


тој за случкава, се смеев многу на почетокот,ама после
застанав и му заблагодарив на богот студентски за
добрите цимери.

Со Печур цимер никогаш!

Да беше тој овде гарант че го завршеше расказов во


стилот на:
:53:
„Да ви се родит оџакон од Стружанка!“
метеор - одговор

Ко че се потсета на Нит, во глава ми се дешавет


милион збрки. Во сиот тој хаос ми се оцртвит една
амплитуда шо се движит од прилика вака: прво растит со
:54: геометриска прогресија и бичит нагоре, после наеднаш
се спуштат, влегвит во минус и на крај ко че требит (по
некое холивудско правило) да се качит уште повисоко
од шо била претходно, филмот завршвит, а амплитудата
е толку многу под х-оската шо ти идет да ја шутниш со
нога.

Заради Нит „сите машки мочаа клекнати.“ Носеше


две репчиња и беше секогаш во шарени чорапчиња.
Сите тајно ја сакаа, сите тајно ја сонвеа и сите тајно
дркаа на нејзе. Таа паки од нејзина страна, воопшто
не замераваше на то и се дружеше со сите. Навечер
ко че се соберевме сите машки, на една долга широка
клупа, секој еден имаше да раскажит нешто за нејзе. Од
секогаш се чудевме како таа наоѓаше време да бидит со
сите нас во еден исти ден. Ко че се присета на тие вечери
сѐ ми мирисат на цимет и секогаш на небото го имат
млечниот пат.
Нит секогаш бркаше точаци. Беше како куче шо лајт по
каравани. А видеше точак, се залетвеше со сета сила
и трчаше по него. За некое чудо сите шо ги бркаше
бегаја, вртеја на педалите ко чукнати да се, па така Нит
никогаш не успеа да стигнит ниеден точак. Се создаде
мистеријата. Шо че се случит ако Нит го стигнит точакот
и зш воопшто го бркат? - остана од секогаш најбитнотото
прашање во нашите ситни животи. Кружеја најразлични
муабети: едни викаја дека сакала да ги буфтат луѓето,
други викаа дека сакат да се фрлит во шпиците дур
вртит тркалото, трети дека така вежбала за да бидит
брза на физичко... сумирано секој со својата фантазија.

Еден ден, нормално пораснавме. Ја пораснав во еден


ден. Се шетав по улица и наеднаш почнав да се прашвам, :55:
кој сум, што сум, што барам, што сакам, зошто го сакам
токму то и ткн. Од тогаш до ден денес сум збунат
ама збунетоста постепено се намалвит. Одговорите пак
почнаа да идет сами ко че очеквам најмалку, па како шо
растам све појче и појче во мене останвет, све помалку
прашања.

Е така на пример еден тмурен ден го одговорив праша­


њето за Нит. Шетав по улица и ја сретнав. Беше прекрасна
и очите ѝ светеја. Се спремаше бура. Напрајвме краток
муабет и вејче следната минута немавме шо да си
кажиме. По улицата поминвеа коли. Покрај нас бавно
помина мерцедес. Нит го опули и тој застана на десет
метри од нас двајца. Ми рече: „Сега морам да одам“ ѝ
почна да трчат по мерцедесот. Тогаш сватив: Нит трчала
по точаците зошто није сите одевме пешки... затоа и
никогаш никого од нас не баци во уста.
Чехов и педалинката
На Гога

Е шо ми напрај пусти Чехов летово. Заради него


ми одбија брак. Сакав да украда педалинка, заедно со Г.
:56: и да се пуштиме од езеро дирктно во Дримон, а дур се
спуштаме да ја побарам за жена. И шо бидна? Ништо. Ѝ
студеше на Г. и останвме во педалинката.

После се мислев. Знајте вие дека ко че се залеташ со


педалинка – ветарон дуват ко чукнат да е... башка то
лето! Студ е то не е забеанција бре! И така ништо од
планот мој. И друго да ви кажа: Не е лесно да се напишит
расказ за Надежна Петровна како везден се спуштат со
санка и како ѝ се слушат фамозното ТЕ САКАМ, ама не
е ни лесно да убедиш некого дека расказот пасоват и на
вода.

Ама то е. Си ја имам ја Г. а нејзе Чехов можит и не ѝ


требит, таа е ко че сакат едноставен чоек, па сигурно
доволно ѝ е то шо ја се труда да адаптира раскази од
жолти книги...
негативните последици на автостопот врз
родителите

Мајка ми моја чуват фантазија во тегли. На


кило, на грам, за секого по нешто. Со мене кутрата
доживеала триста чуда и а некој ми го спомнит името :57:
одма го поврзвит со саги шо ни најголемиот СФ мајстор
не мојт да ги смислит. Пред години ко дојдов во Скопје
една вечер ми ѕвонит телефонот и кревам слушалка. На
линија мајка ми:

- Што прајш бе? – ми викат


- Еф, мајко, учам.
- Слушај да ти кажа нешто битно.
- Е ај те слушам. Кажи.
- Гледав прееска вести - ми викат - и слушнав некој
татко и син се изгубиле негде низ Охрид. Не может да
ги најдет.
- Мори мамо, мене ми бучит во глава, ти вести ми
раскаживш - и вика - дај остај ме сега.
- Чекај бре да ти докажа!
- Ај чекам.
- После гледав една емисија за НЛО. - ми викат, а мене ми
светна сијаличката дека ова че бидит страшна приказна
и одам во глава пуштам рекорд.
- И мајко ? - ѝ вика.
- Абе се мислев - ми викат- ти да не скиташ многу, низ
градот да не те приберит некој летечки објект. Ти лесен
си во умот и како шо скиташ со автостоп, че ти речет „Ај
со нас“, ти че тргниш и ја не че те видам никогаш појче!
Да седиш дома и да учиш! Така да знајш! Ај сега чао!

После то, мајка ми ми спушти телефон. Јас останав со


слушалката враце и се мислев, дал ставрно да одам
да почекам некоја чинија и да се изгуба од планетава,
зш и така и така че ја снемат за некоја година или да
:58:
си продолжа да решава математика и да се гуша во
веројатност. Мислев и смислив, че остана да се бора,
да ја напра планетава поубо место за живеење за ко че
дојдет вонземалци да можам да им реча, овде ми е најубо
и немат потреба да се селам од планетава. Добро сега не
вика дека нема да замина на еден вселенски трип, ама
барем че знам дека че се врата зш мајкава Земја че бидит
рај без пластика, чад и смог.

Уште работа на то, ама планетава све по кафејава


станвит. На моменти посакова да дојдет зелењациве и да
се изгуба, да ви напиша, дека ојдов, да ви пуштам Eloy,
да си ги прибера брајчата мој свемирски и да ме снемат.

Така да знајте, ако ме снемат значи сум заминал... низ


универзумот.
дневникот со трагична судбина  
петнајсти втори 99`

Си шетам ја в шума, низ Караорман, поточно и


си собира печурки. Помина денот, коњот замина шо би
рекле и вечерта легнав да спијам. :59:
 
шеснајсти втори 99`

Си шетам ја в шума, низ Караорман,  поточно и си


собира печурки. Помина денот, ама пред да се стемнит
го најдов коњот, сиот папсан. Го однесов дома и вечерта
легнав да спијам.

седумнајсти втори 99`

Си шетам ја в шума, низ Караорман,  поточно и си собира


печурки. Помина денот, го јавнав коњот и вечерта
легнав да спијам.

осмунајсти втори 99`


Све си мислам дека денојве ми се повторвет. Некоја
дума од сабајле. Се напив кафе, заборајв на то и тргнав
в шума.  Помина денот. Најдов некоја печурка, појдов
дома и легнав да спијам.

деветнајсти втори 99`

Си шета в шума, низ Караорман, поточно, и наоѓам


коњ уште еден. Гледам овај мојов на дрвото врзан, а
овај другиов потака малце. Собрав некоја печурка и на
врајчање го зедов другиот коњ, не онај мојот. Го врзав
дома и заспав.

двајсти вотри 99`


:60:
Шета со новиот коњ низ шума и го гледам онај мојон коњ
со едно магаре мукет ко крави да се. Сешто! Одам, му
врзвам три шамари, го бркам магарето и изнервиран шо
не собрав ни една печурка си ода дома. Заспав.
 
двајсет и први втори 99`

Одам в штала коњот нигде. Го лапнала матната. Ода


пешки до в планина и ги гледам коњот мој, овај другиов
и магарето мукет заедно. Ги избркав сите и да ме немат
дома пак. Дома дрвја цепев и вечерта заспав.

двајсет и втори втори 99`

Одам в шума сабајле, а од далеку ко да слушам крави


кај шо мукет. Влегвам во шумава на почеток и гледа
цело село собрано, двата коња и магарето мукет заедно.
Митрејца прва застаната а Митре зад нејзе се кријет да
не го видам демек. Е мајката си вика, дан спобудалеле
луѓево. Почва да се дера и сите бегет. Ај избегаја шо
избегаја, ама зад нив еден куп лепешки остајле, немојт
чоек да поминит низ шума. Пичка му матер на светов.
Си ојдов дома.
 
двајсетиитрети втори 99`

Во депресија сум. А помислам на шумана и на печуркине


одма ми идет слика од лепешки. Да му еба све. Да му се
одмилит на чоек и да пишит и да берит печурки.
Разлики
Случајно денес ме прашаа зш су викал гојдо место
говедо. :61:

Овде че се објасна.

Говедо – животно, цицач, најчесто одгледано на некоја


фарма за потребите на месната индустрија, како и
користено за размножување. После постигнување на
одредена тежина и старост се убива, па деловите од
неговото тело се користет за разни производи како кожа
и месо.

Гојдо – животиња, цицач како и претходното, одгледано


по своја волја на некоја росна ливада каде по цел
ден ждери и ебе невини женки од ист вид. Денот го
поминува во преживање и пуштање на целото свое тело,
вклучувајќи го тука и мозокот на пасење. Ко че постигне
одредена тежина и старост умират од некоја тешка
болест, а неговото тело остануват тотално некорисно.
уметноста на фрлањето од училишна
зграда  
    

Најпрвин да разјаснам. Т и Ж се еднаково будали.


Стругана имат пациенти на лагер, ама со овије двајцава
:62:
никој немојт. Мојата поврзаност со нив е преку мојот
мил брат. Автоматски да ја октриеме возраста. Брат ми
имат 28 ама тие имет 30. Учеа заедно. Терминот „учеја
заедно“ или„учевме заедно“ ко че се набљудуват од
гледна точка на Т и Ж знамчит две работи:

1. претставјат универзален термин зошто тие


учеја со сите. Ги поминаја сите класни и сите
генерации а за малце и мене че ме фатеја.
2. терминот е своевиден парадокс - зошто тије да
учеа немаше осмо одделени да го завршет на 18
години.

Е сега, да не губа многу во анализава на работиве, че се


обида да се присетам од прилика т.е најверодостојно шо
можам да си ја повика прикаскава в `гла.
Јас бев пилиштар ко брат ми во 5 одделеније ја донесе
групната слика на класот. Ја гледав ама нешто не ми
штимаше на нејзе. Најпрвин навидум нормален клас.
Класна, триесет и нешто ученици и училишен двор. Све
е во ред, само што во десниот агол стоеше чоек фигура.
Чоекот, не се сејчавам дали беше Т или Ж, носеше
маица од AC/DC, беше потполно челав, и средниот прст
на неговата десната рака висеше во воздух. Го прашав
брат ми кој е тој? Не се сејчавам што ми одговори, можда
немал ни зборови тогаш. Значи бесот и лудоста на еден
од нив се познаваше на слика, а не камо ли во живо да
ги видиш.

И така. Било крај на година ко Ж. се качил на врвот


:63:
на школоно „Браќа Миладиновци“ во Струга. Долу
пред школото седел Т. и жестоко разговарал со него.
Причината ради која шо Ж. бил горе на врвот на зградата
било тоа шо на Т. и Ж. им се заканувало повторно
повторвење на одделение. Им скурчило и решиле да им
се заканет на наставниците со самоубиство на едниот
од нив. Се собрале сите наставници, за да го убедат да
слезит и дека нема да го повторет, ама Ж. концизно
им кажал дека че разговарат само со директотор на
школото и со никој друг. Дошол директорот:
- Ж. слезе долу, че ти го дадам сведителството и тебе
и на брат ти, само немој да се фрлаш! - го убедвел
тогашниот директор.
Т. бил долу со сите наставници и директорот и му
викал:

- Бате!!!!!! Те мамет, фрли се! Пак че нѐ пуштет да учиме!


Ало слушаш!!!! Скокај дан ти дојдам горе!

Можам да ги замислам фаците на наставниците и


нивниот страв. После долго убедвење, дошле до решение.
Им го напишале сведителството на лице место и на
двајцата им честитале завршувење на 8-то одделение на
18 години.

Е вака се решават порблем. Ама ај да не навлегвам јас кај


шо не сакам и кај шо не ми е местото.
:64:
Маицата од Ac/Dc беше дома до пред некое време.
На неа имаше ѓавол шо леташе на вила, а на вилата
имаше прслуци. Му ја поклонав на Мичо. Ја чува во
собана негова и до ден денес. Со Т. и Ж. се дешаваа
многу работи од тогаш. Заглавија со дрога и по затвори.
Едниот го видов пред некоја година, пиеше кафе во еден
кафич. Се гледаше дека умот не му е дојден а можит и
немат потреба да му дојт.
калој и пржени јајца за вечера

Е каде сега бе другар! Лево кал, десно кал,


напред кал, назад кал. Менвет канализација, цевки, ко
удрени по гла да се. Не ги фати многу, неколку години :65:
до сега. Ама шо је то битно, мене не дека ми сметат.
Ја неверва во време. Нека си работет луѓето, знам да
плива ја. Ко мал и реси корнев од Дримон, не чекав да
го исчистет оније со српојне и со кајчинана. Абре све сам
сум праел. 

Значит: Не ми сметат шо се ископани улицине, ја по кал


и од Брчево до Маруништа сум стигнал, не паки околу
зграда не че сврта. Работај те си вие, ако требит уш
неколку години, че се пресела за некој 6 месеци.
 
Е сега жал че ми е за калојте ваши ама то е. Животот е
како плочка мермерна покрај Дрим (од оние шо лизгет).
Таман че се навикниш на едни калој мораш други да си
најш.
 
п.с. сум јадел и Свири пиле (Play bird) - во поубајте
времиња!
Локов (1 дел) (Некој работи се трошет на
зима)

Одевме за Локов. Се забравме од 6 сабајле,


:66: фативме автобусот, плативме 60 денари, се повозивме
и слеговме кај хидроцентралана Глобочица. Бевме 6
души: Ја, Свотон, Маркомир, Африка, Фичо и Тома.
Африка ни беше водич, тој е од селото а таму беше и
дедо му (единствениот редовен жител). Африка пред да
тргниме ни рече:

- Че ојме пешки. Све шо имаме за јадење, пиење, музиката


и сите препарати че ги пуштиме по „шумсконо“ тие
збирет дрвја горе во шумана и че ни ги однесет работиве.
Ние че зејме само вода и 4 кутии цигари за по пат. Други
цигари че купиме горе.

Нормално го слушавме него. Шо че речеше - то беше и


закон. Од ко се изнапуливме во хидроцентралата и од
ко ги кажавме сите можни поплаки во врска со патот на
ј`гулите, тргнавме. Патот беше тежок за искачвење, и шо
не че е тежок ко се качвевме на илјада и нешто метри.
Одевме многу време. Некаде 7 сати. Сонцето почна да
нѐ пржит како гуштери, а башка јули месец. Секогаш
прајме така, сите ко че одет на плажа ние ојме во некоја
пустелија. Ама шо че прајш – то е.

Теоријата за населувањето на Локов беше дека таму се


населиле ко бегале од Турците. Сигурно си рекле: - „Ај че
појме ваму горе, па нека не најдет ако может.“ И пошле.
Се скриле ама нѐ само од Турците туку и од Господа.
Шо би рекол Свотон:“Дури и Господ од понака корнер
шутират. Ние зад него сме.“

Ко стигнавме некаде 2 килметри пред селото, застанавме


да одмориме. Патот водеше само право и се гледаше по
:67:
некое дрво. Најнапред бевме ја и Свотон. Уште памтам
ко му реков:

- Ај да ојме ние, овие че нѐ стигнет.


- А да те сликам ја тебе? - ми рече и се најсмеа.

- Абре какво сликање! Ај да стигниме побрзо. - му


реков.
- Не! Чекај да те слика. - ми викат, ме гушкат и нѐ сликат
на двајцата (уште ја чувам сликата).

Се сликавме и дојдоа другите. Само шо тргнавме неколку


чекори, се деси нешто што никогаш не само шо нема да
го забора, туку шо че ме плашит цел живот. Од двете
страни на планината почнаа да трчет овчарски кучиња.
Ги имаше некаде 15. Од 3 стада. Трчет тие, а ти само ги
гледаш и се мислиш со која страна да им се свртиш за
да те јадет. Стигнаа до нас. Беа високи колку мене шо
се викат. Почнаа да лает и да не тргет за пантолоните.
Маркомир падна во несвест. Некој почна да викат по
овчарот. Наеднаш се појави овчарот и почна да ги тргат
кучињата. Одвај ги смири. Го разбудивме Маркомир и
зедовме воздух. Едно од кучињата седеше на страна.
Викет дека то било главното. Ако ти се пуштит то - ти
немат спас. Другиве се безопасни демек без наредба.
Тргнавме накај селото, а кучињата седет и уште лает.
Заминавме едно сто метри и тогаш се случи нешто
невозмоно. Таков акт неможит да смислит никој. Знајте
шо се деси? На среде лето, јули месец, во средината на
опасност да бидиме изеени од овчарски кучиња кои
ни самиот овчар не можеше да ги смирит - господинот
:68:
Фичо од џебот истаде петарда, ја запали и им ја фрли на
кучињата! Оооооо, отвори се земјо и голтни ме! Најпрвин
не бевме свесни шо им фрли се дур не пукна пустата
петарда. Е ко пукна вејче беше касно. Кучето шо стоеше
настрана се пушти по нас. То трчат, а другите по него.
Тие то го чекаа. Во тој момент незнајш шо да напрајш:
дал да земиш и да го убиеш на Фичо пред тебе да те
убијет тебе кучињата или пак да го спасиш и него и себе
си и да го убиеш после на раат. Седиме во место и нѐ
ни се вервит шо се дешават. Кучињата трчет, а овчарот
трчат по нив и ги мават со стап. Незнам како, во магла
ми е, ама знамм дека ги тргна некако. Се спасивме.

Продолживме да ојме. На Фичо никој не го изби, сите


бевме преокупирани со себе си.

Никогаш, никогаш не прајте летен логор со чоек шо


чуват петарди од зимата!
Локов (2 дел) (Вероника реши да умрит,
Фичо да спијат)  
    

Ко стигнавме во Локов беше 2 сатот поручек.


Во селото беше штама. Едно ловџиско куче, еден :69:
шарпланинец (изгледа беше протеран, или му скурчило
да бркат волци па си дошол во селото), дедо му од
Африка, амбасадорот од Русија (сумдбината го заглавила
Локов), и уште неколку души на излет шо беа дојдени.
Ние бараби. Влеговме во селото и одма галама кренавме
уште не стигнати. Кучињата полаја по нас - ама шо
дека, истренирани бевме и ги рашутиравме. Стигнавме
во кујчата. Мала викендичка со две соби и кујна. Се
сместивме и одморивме. Работите шо ги пуштивме
по камионот од шумарите не беа стигнати. Ни ѕвонит
телефон и мајка од Африка викат:

- Сине, шо сакате прво да ви пуштиме од работите? Не


можеле овие сѐ да донесет и прашвет шо прво?
Африка нѐ прашвит и сите во хор одговраме:

- Системот и цд-еата!!!!

И така би. Останвме гладни еден ден, ама главно систем


ни донесоја. Арно ама се јави проблем. Во селото имаше
само две кутии Ориентал и две кутии Партнер. Немаве
цигари! Африка викаше дека не ни требеле - а тој
пушеше по две кутии на ден. Се појави дедо му. Ни даде
качак. Тргаш и ти се чинит воз ти поминвит низ грло.
Ни раскажвеше за самовили и за црквите низ селото.
Имало некоја црква шо ко че влезело женско во нејзе,
одма автоматски иконите се снемвеле и ги најоѓале в
планина некаде. Не дека повервавме ама свативме дека
:70:
немаме жени со нас.

Фичо спиеше. Ко че се разбудеше, легвеше на другиот


кревет да одморит. Пет дена така. Почнавме да го
заебаваме. Се изнервира и почна да читат книга -
Вероника реши да умре. Ми се чинеше дека ко че
ја почитамт книгата Вероника стварно че умирт а
писателот че сватит дека редно е да престанит да тресит
глупости. Ко ја прочита не рече ништо, а сите го чекавме
да кажит нешто. Ама не! Ја прочита во еден здив се
префрли на креветот и заспа. Незнам шо му се вртеше
во глата. Африка почна да зборвит за „потсвеста“. Фичо
се разбуди и почна да го слушат (некако после книгата
стана заинтересиран за метафизиката на Африка):

- И така - викат Африка- ко че не ти се прајт нешто, ти


си викаш: „На Африка му се читат книга“ - и така че
повторвиш и стварно че ти се сочитат, ако уствари не
ти се читат тебе. Другиот во тебе че се разбудит и че те
натерат да ја почиташ книгата.

Фичо пак заспа. Ние слушавме музика. Ни донесоја


штека цигари и јадење. Фичо стана и рече:

- На Фичо му се јадит. На Фичо му се јадит - и така само


повторвеше се дур не рече - Ај бе да јајме! На Фичо му
се јајт.

Напрајвме јадење. Имавме многу. Им дававме стекој на


кучињата. Ко се најадовме Фичо ждригна и рече:
:71:
- На Фичо му се пушит цигара. - и запали цигара. Ја
згасна. - На Фичо му се спиет. Легна и заспа.

Игравме карти, миеве пајн`ци, чистивме, а само Фичо


спиеше. Се истроши со книгата.

Вечерта се испијанивме и ни текна дека под итно ни


требит жена. Дојде време да си ојме. Сабајлето ко
тргнавме кучињата тргнаа со нас. Нѐ попратија до
долу. До хидроцентралата. Ко се качивме во автобус си
заминаја.

Ништо посебно не се деси. Јебига, немојт секогаш


да имат приказна. Како традиција останаа неколку
реплики.
1. Ја сум Фичо - што значеше дека кај и да се ојт ти че
уживаш, максимален хедонизам.
2. На Фичо му се. . . - шо значеше дека потреба си е
потреба, заеби ти потсвеста.

И доста бре читате глупости. А оние бандана од писатели


че ја најдам некој ден и че ги фатам еден по еден за гуша
и че ги давам во Дрим и че им вика:

- Ај дур те давам в река да ја чујам вселената како


влегвит во ковалната да коват заговор заговори. Ако ја
чујам барем малце да шепнит нешто че престанам.

:72:
клуч
    

Клуч ти била многу битна работа. Ако немаш


клуч немаш ништо. Џабе си се родил! Скоро да не
постојт пример кај шо не ти требит клуч. А најлошото од
сѐ е да ти дает грешен клуч. Е тогаш нервозата е дупла. :73:
Викај, скокај, прај шо ти душа сакат. Џабе ти е бре!
 
Немаш клуч - немат влегвење. Седи и кисни на дождон
го глушец. То е.

 
халуцинации

Денес е прв ден ко сум се осетил слободен бре!


:74: Аман вејче редно беше да му еба пиперот. Си слегов
денес долу во продавница и ја гледа таа продавачката,
а и таа мене. Се пула малку налево и гледа млекото
прашина фатило, бербат се напрајло. Ја прашвам дал
му е поминат рокот, а таа се пулит во мене и очите не
ги тргат.

- Ало! Моме млекото со асален рок е или не е? -


и вика, ама џабе таа се пулит во мене и немат
никакова намера да прозборит. Ти дан си надувана?
Дан те уплаши некој мори? Еј ало! Шо ти е моме? –
вика ја, се дера ама џабе, таа си се пулит уште.

Е ај сега шо да пра ја ко сѐ е извеано. Си се послужив ја


со млекото, си зедов и цигари и ѝ вика:
- Колку требит? – а таа пак чутит. Ам сега ако не ти се
зборвит, не ти се зборвит. Ај чао! – и излегвам без
да платам.

Само шо го помирисав воздухот надвор од продавницата


слушам викање:

- Дечко! А да ми платеше!

Се врта, и гледа друга продавачка. Не е истата шо праев


муабет. Се врајчам назад со парите, а таа ми викат:

- Абе ти пијан да нe си!? Незнам што се случуват


со вас младиве. Јас ти викам цело време.„Дечко
:75:
повели, повели, а ти никако ни да ме погледнеш.
Си фатил муабет со онаа жената од картон од
рекламата за Нивеа што е и си мумлаш нешто...
Стварно не знам што ќе се прави со вас младите!“

Ѝ платив, си излегов кутар ја од во продавницата и си


појдов дома. Појче ракија немат пиење!
не - непијам (Константин Миладинов и
Фљорим Везденски)  

Ова летово по безвезе не можеше да е. Почнаа


:76: да умирет луѓево - ексик нека се носит сѐ. Ојш по улица,
а тие живи шо останале - уш малку за асфалт шо не
почнале да се лепет.

И шо че прајш после ти? Ништо! Шо да прајш! Че си го


наредиш шеширот на гла, че си појш в`полиција, че се
прекрстиш во Wezdensky, че си земиш едно шише ракија,
че го остајш блогов на мира и че си ја пејш на цел глас „Не
- Непијам“ од чичо Константин по Струшкана чаршија:

Ми велет онје пијан сум;


А ја си не знам какво е
Тва пусто, шкуро пијанство!
Ја друго нешчо не сториф -
С`де си зедоф крај мене
Сафа со винце тиквешко
И си се малку нацицах.
Ми велет с`нки ноѕеве-
Ко д` ода ми се валеет.
Земја се тресит, вервите,
За тва ноѕе валеет.

И ако` си чукна главата


На ѕиздои и на камења,
И ако` се цумки на чело,
От такови мали работи
Али требит да се плашиме?

У! пијаница, падинат!
Ми велет и се смеет.
Ко да им нешчо напраиф!
:77:
Шчо имат, ако падина?
Пак како јунако си станва.

Немојте усти погани,


Тук-така не клевете ме!
И пак ви верно пофтора:
Ја сосем не знам името
От тоја пусто пијанство. -
Ич не сумм ја пијаница!

Да ти еба летото - нека ојт нека заминит - нека кршит гла


по долинине на јужна Африка. Зима златана е за мене!
ко че заминит поезијата - автобусот вртит
десно
   

Фучам со левава рака и прам ветер.


:78: Фијууууууууууу! и бам во 1998. Ако ви се лошит од патот
повратете слободно, чистачката идат во 12 на полнојч и
ја чистит шталава така да немат никаков проблем шо би
се рекло.
 
Си одвев прее со црвен автобус накај дома и ми текна
на една друга распадната кујча шо висеше некаде низ
Енхалон мала. Кујчата немаше функција освен шо
нејзината ограда, нием, 4 курајбери ја напрајвме голем
фудбалски гол. После долго врме играње ни текна дека
од оградата мојт да напрајме четири мали голови па
да играме игра наречена „На мали голчиња“. Така и
напрајвме. Арно ама како и секогаш во вакви приказни
имат по некој лош. Нашиот негативец беше Јусуф -
албанец шо беше сопственик на кујчата. Нѐ гонеше
и бркаше нон-стоп. И така еден ден си играме ние на
сред улица фудбал на мали голчиња и туку од зад Д. се
појавјат Јусуф со секира. Д. не го гледат. Не го гледат -
не го гледат. Ние почвиме да бегаме и да го тргаме Д. со
нас. Тој нѐ бркат, ние се криеме, никому ништо - позната
приказна.
 
Се малтретиравме така секој втор ден во неделата, се
дур еден ден не ни ги зеде голчињата. Сѐ отиде у пичку
мајчину од тогаш. Д. појма немам кај е, нешто студират.
И, ми е Сват и се глупираме секогаш ко че се најјме
некаде низ Mакоедонијава. Б. е некаде низ Струга. Ја
појма нема шо прам моментално.
    
Од тогаш топка не фатив, ни со рака, ни со нога. Спортот
ми дојде и ми замина во животов чудно. Така се осејчам
сега дека че ми заминит и поезијата еден ден. Како?
:79:
Исто како ко че помислам на автобусот прееска. Застана
на една раскрцница на семафор. Ја се потам и чекам
да се запалит зелено светло. До мене во моментот се
паркират друг автобус. Гледам во него и од прозорецот
го гледам Рембо опкружен со „обични“ луѓе. Тој уште е
млад, а мене секое движење ми се чинит дека е поезија.
Наеднаш се палит зелено светло за право, автобусот
со Рембо тргвит и заминвит, а ја останувам да чекам -
зошто автобусот во кој сум јас, драги читатели, чекат
да завртит за десно. Грешен број, јебига  - поетите се во
другиот автобус. 
Ја м`тна, ја скри
Вселенава в џеб
и сега пулисе ко прост,
мојш и да се исплакниш
ак сакаш
ама пак че сејш
ко пукало в чун.

Мене ме фатил уфунет


и ко да ме зеде м`тната,
ко да ме жегна нешто
ево седам овде и слуша како
штамата на Енхалон
се кикотит.
:80:
Nenad Joldeski e roden na 26.11.1986 godina vo Struga. Diplomiral na
dr`avniot Ekonomskiot fakultet vo Skopje. Aktivno se zanimava so veb
dizajn i blogirawe.

Avtor e na tri blogovi. Prviot blog figment.blog.com.mk `ivee ve}e dve


godini, a na nego mo`e da se sretne proza i poezija na avtorot. Vtoriot
blog enhalon.blog.com.mk sozdaden re~isi paralelno so prviot se soostoi
isto taka od proza i poezija napi{ana na stru{ki dijalekt. Od toj blog
proizleze i golem del od ovaa kniga, koja vsu{nost pretstavuva negovo
debitansko delo. Tretiot blog e nare~en figmentmusic.blog.com.mk i
aktivno se zanimava so recenzii za muzika i film.

mail: figment_mk@yahoo.com

sliki na koricata: Keith Shore

You might also like